wordpress counter

Агрофуд 2010

Меѓународниот саем на храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, Агрофуд 2010 се одржува по јубилеен 60-ти пат. Во текот на 5 дена (09-13.11.2010) ќе можеме да се запознаеме со производите и услугите на преку 400 компании, претставени во 3 хали.

На Агрофуд 2010 ќе се случуваат неколку паралелни манифестации. Станува збор за саемот на храна и пијалаци, потоа изложба на вино, пиво и јаки алкохолни пијалаци, саем на машини и опрема, саем на тутун и агроиндустриски саем.

Во првата хала ќе се претстават винариите и пиварниците од Mакедонија и регионот, потоа производителите на алкохолни пијалаци, индустријата за месо и месни производи, како и национални претставувањa на повеќе европски земји.

Втората хала е резервирана за конзервната, кондиторската, индустријата на безалкохолни пијалаци и минерална вода, замрзната храна и млекарници. Во третата хала ќе се претстават производителите на машини и опрема.

Програмата на саемот ќе биде надополнета со уште неколку манифестации:
Дегустација на вино, пиво и алкохолни пијалаци.
Гастро денови со дегустација на млечни и сувомеснати производи.
Најдоброто од Македонија: дегустација на домашни производи.
Кафе шоу со дегустација на различни видови кафе.
Скараџиска забава.

Related Posts with Thumbnails