wordpress counter

Анагода или јананас

Од 1 април (не е шега) во британските продавници веќе може да се купи новото овошје. Станува збор за летен деликатес кој изгледа како бела јагода, но има вкус и мирис на ананас. Се одгледува во стакленици, а во Британија веќе го нарекоа „pineberries“ или „анагода“.

Овошјето најпрвин е зелено, но со созревањето добива бела боја со мали црвени семки, како што е кај јагодите. Анагодата е откриена во Јужна Америка каде расте како дива јагода. Пред неколку години е спасена од уништување, кога холандските фармери започнале да ја одгледуваат во стакленици од чисто комерцијални причини.

Малопродажната цена е висока и изнесува 270 денари за мал пластичен сад со 125 гр јананас. Малку се помали од обичните јагоди и освен за консумирање може да се користат и во сите рецепти каде се употребуваат јагоди.

Related Posts with Thumbnails