wordpress counter

Автомати со овошје и зеленчук

Првите автомати со здрава алтернатива се појавија на Универзитетот Нотр Дам, а овошјето и зеленчукот за целиот студентски кампус го обезбеди Дел Монте Фудс. Оваа компанија е позната по производи за здраво живеење и на овој начин настојува да ѝ конкурира на вообичаената понуда од солени и слатки грицки и газирани пијалаци.

Сите продукти се посебно пакувани, за да се спречи оштетување и расипување на овошјето и зеленчукот. Во понудата може да се најдат банани, ананас, парченца јаболка, грозје, моркови, целер и домати. Со некои од овие продукти може да се добие и нискокалоричен сос.

Со постојаниот пораст на дебелината и кај децата и кај возрасните, ова е чекор кој навистина заслужува поддршка и се надеваме дека ќе се прошири и ќе добие на популарност.

Related Posts with Thumbnails