wordpress counter

Автоматите се новите супермаркети

Автоматите се веќе дел од нашето секојдневно живеење. Нивниот број и разноликост постојано растат. Во претходните статии ве запознавме за првиот масломат кој е направен во Хрватска и за млекоматот во Љубљана. Освен овие наменски машини, пишувавме и за пицаматот.

Овие интелигентни машини го подготвуваат тестото, прават 4 различни видови на пица, додаваат ралични сосови и додатоци и ја печат пицата за цели 3 минути. На вас останува само да уживате во јадењето.

Освен овие три автомати, во Австралија на пример, ќе наидете на помфрит од автомат, а во Јапонија и САД на свежи јајца кои се продаваат на ваков начин. И тука не застанува креативноста. Една чешка пиварница постави пивомат, кој првин ја скенира вашата лична карта, со цел да утврди дека не сте малолетно лице.

Интересно е дека автоматите денес веќе се врзуваат и со кулинарски игри. Па така, во автоматите на Maine Lobster Game, пливаат живи јастози, а вие за три долари можете да го уловите јастогот кој го посакувате и потоа машината ќе го подготви оброкот.

Но, најновата понуда на автомати доаѓа од Русија. Низ Москва се поставени преку 30 автомати во кои можете да купите кавијар од лосос. Станува збор за најефтината варијантна на кавијар, која русите сакаат да ја мачкаат на тост леб и да ја комбинираат со чаша пенливо вино. Цената варира помеѓу 250 и 1.250 денари.

Related Posts with Thumbnails