wordpress counter

Бананите пред исчезнување

Причините за исчезнувањето на бананите лежат во недостатокот на разновидност на видовите, пандемија на една опасна болест (црна сигатока) која го уништува овој плод и исчезнувањето на дивите и автохтони видови, со што исчезнува и генетичката база.

Ако кон ова го додадеме и фактот дека е сочувано само едно растение кое има ген да се бори против габичната инфекција, кое се чува во Калкута, ситуацијата станува и повеќе од алармантна. Злобниците ќе кажат дека ова се можеби последните примероци на ова јужно овошје.

Организацијата за храна и агрикултура на ОН (FAO) на оваа ситуација укажува уште од 2006 година, предупредувајќи дека идните генерации нема да имаат можност да уживаат во вкусот на банините. Иако веќе се прават обиди да се создадат генетски модифицирани банани, потрошувачите не се подготвени да ги прифатат вештачките плодови.

Related Posts with Thumbnails