wordpress counter

„Бонум“ инвестира преку 800.000 евра

Конзервната компанија „Бонум“ доби 400.000 евра од ИПАРД програмата за кофинансирање на набавка на нова опрема за производство и преработка на овошје и зеленчук. Вкупната инвестиција изнесува преку 800.000 евра.

Со овие средства ќе се набават машини и опрема кои ги задоволуваат стандардите на ЕУ и со тоа компанијата ќе биде поподготвена рамноправно да се бори со конкуренцијата на европскиот пазар. Воедно, овие нови машини ќе ја намалат и потрошувачката на електрична енергија. Со тоа, компанијата не само што ќе стане поконкурентна, туку и ќе работи на заштита на животната средина.

Комапнијата „Бонум“ работи од 1992 година. Се занимава со одгледување и преработка на печурки (шампињони и буковка), пиперки, феферони, гамби, корнишони, зелка, цвекло. Покрај тоа, произведуваат ајвар и лутеница. Ги поседува сите стандарди за производство на сигурна храна.

Related Posts with Thumbnails