wordpress counter

Брзата храна не се распаѓа ни по една година

Нона Џоен е американска блогерка и активистка која на секој начин сака да ја промовира исхраната со здрави продукти. Во последните 365 дена правела едно истражување кое веруваме ќе нѐ замисли сите. Имено, во еден познат синџир на брза храна, пред точно една година, купила оброк кој потоа го чувала на собна температура.

Резултатот е неверојатен – една година подоцна, сендвичот изгледа исто како и кога е купен. Освен што лепчето станало бајато и крцкаво ништо друго се нема променето. Ниту, пак, добил било каков непријатен мирис. Кога решила да го прави експериментот, најмногу се грижела дека мравките и останатите инсекти може да го изедат и тој да почне да се распаѓа. Но, очигледно дека тие животинки се многу попаменти од нас затоа што воопшто не го ни допреле сендвичот.

Независните истражувања и претходно укажуваа дека производите кои се продаваат како брза храна се преполни со хемикалии кои кај децата дури може да предизвикаат и промени во однесувањето. Independent, на пример, утврдил дека некои од тие производи имаат и преку 15 адитиви.

Related Posts with Thumbnails