wordpress counter

Caramelo – нова кафе приказна со слатко име

Конечно, Скопје го добива она што долго време му недостасуваше за да биде вистински урбан центар. Имено, во срцето на градот се отвора кафетеријата Caramelo, која ќе понуди вистинско и оригинално уживање во топлите и ладните пијалаци. Кафетеријата ќе работи на принцип на „кафе за носење“ и нема да има места за седење.

На менито, за почеток, ќе се најдат неговото височество – кафето, потоа еликсирот на здравјето – чајот и свежо цедени сокови во бројни комбинации. Кафе ќе има буквално за сечиј вкус. Од старото добро eспресо, па сѐ до кафиња кои ќе можете слободно да ги консумирате и како десерти. Освен тоа, ќе има и бројни додатоци кои ќе можеме сами да ги одбереме. Од цимет и ванила, преку бадеми и бразилски оревчиња, па сѐ до различни ароми и преливи. Кај чаевите, интересно е дека покрај редовната понуда, ќе има и посебен чај на денот, со вкусови од кои повеќето не сме ги пробале досега. И, секако, свежо цедените сокови во повеќе комбинации.

Од она што го видовме при уредувањето на кафетеријата, можеме слободно да кажеме дека тоа ќе биде идилична мала оаза во градската џунгла. Одличниот спој на бои и материјали носи неверојатна топлина, чувство на блискост и смиреност. Посветено е големо внимание на деталите, кои се носечки дел на приказната, заедно со пијалаците.

Местото тежи со пријатна рустика и емоции, кои се раѓаат од комбинацијата на незаменливиот мирис на зрна кафе, дрво, цимет и чоколадо. Уникатно место кое изгледа поинаку од сѐ она што сме можеле да го видиме досега кај нас.

Екипата на Caramelo е решена да се посвети исклучиво на висок квалитет и светски стандарди. Токму поради тоа е направена внимателна и строга селекција на партнери со кои ќе соработуваат. Списокот на партнери кој ние го погледнавме е навистина ветувачки и може да се каже дека е најдоброто што може да ни се понуди нам потрошувачите.

Тоа ќе биде и вистински предизвик за сите вљубеници и уживатели на кафето, чајот и природните сокови да го посетат Caramelo. И тоа, не само поради големиот избор и квалитетни продукти, туку и поради одличните цени и релаксирачка атмосфера.

Гурман™, исто како и со другите свои партнери претходно, и со Caramelo започнува една долга и вкусна приказна, во која ќе учествуваме сите. Очекувајте многу наградни игри и вкусни награди. Ние постојано ќе ве информираме за новостите од Caramelo и ќе ве носиме на вистинско кафе и чај.

Инаку, кафетеријата Caramelo ќе се отвори во текот на оваа недела, а локацијата е улица Максим Горки. Mесто на кое сите ние секако минуваме барем еднаш во текот на денот. За повеќе детали можете да се информирате на Facebook (facebook.caramelo.mk) и Twitter (twitter.caramelo.mk) профилите на Caramelo.

На крајот, ќе завршиме со чувството кое се роди веднаш по посетата на кафетеријата – во Caramelo станавме вистински свесни за сѐ она што ни недостасувало досега кога е кафето во прашање.

Related Posts with Thumbnails