wordpress counter

Caramelo™ со ново мени и производи

Кафетеријата Caramelo™ го надополни и го прилагоди своето мени на зимските услови. Отсега, покрај веќе добро познатите пијалаци, ќе може да уживате и во ТОФИ со вкус на лешник и карамел, БОРЏИЈА со црно чоколадо и портокал, потоа АФТЕР8 со вкус на чоколадо и минт, ЗИМСКО КАФЕ со вкус на печен лешник и црно чоколадо и ИТАЛИЈАНО со вкус на бадем и вишна.

Покрај новите кафиња, менито е надополнето и со три навистина посебни пијалаци. Станува збор за ТОПОЛ СОК ОД ЈАБОЛКО, потоа традиционалниот зимски сладок пијалак САЛЕП и нешто навистина посебно, кое веруваме за прв пат ќе може да се вкуси кај нас. Станува збор за СОЛЕНО ТОПЛО ЧОКОЛАДО.

И за крај, MHAIDIVA чаевите со преку 30 вкусови. MHAIDIVA чаевите, освен што можете да ги пробате во Caramelo™, можете да ги купите и да ги консумирате во домашни услови. Можете да ги одберете и како подарок, спакуван во луксузна и ексклузивна кутија од дрво и да ја подарите на некоја вам многу драга личност.

Сметаме дека ова се доволно интересни информации кои ќе ве натераат да појдете во Caramelo™.

Related Posts with Thumbnails