wordpress counter

Чоколадното студио на Опра Винфри

На едно од последните снимања на шоуто на Опра Винфри, целото студио беше направено од чоколадо. Повеќе од 15.000 парчиња чоколадо беа искористени за да се направат ѕидовите, масите, столчињата и сите други придружни предмети и елементи за студиото. Па, дури и шах табла со фигури поставена на една од масите.

Концептот го осмисли и го реализираше една од најголемите американски компании за производство на чоколадо и чоколадни подароци од САД – Годива. За студиото на Опра потрошија повеќе од 800 кутии со чоколади и на тој начин направија вистинско чоколадно ремек дело.

Единствено потписот на Опра кој стои на ѕидот во студиото не беше направен од чоколадо кое може да се јаде. На сетот работеа дизајнерите Лери Ејбл и Рејмонд Мекалистер и користеа темно чоколадо, бело и млечно чоколадо, чоколадни тартуфи и глазури.

Мора да признаеме дека ова ни изгледа како остварување на сонот на секој чокохолик. Замислете, свет направен од чоколадо секаде околу вас. Мммммм…

Related Posts with Thumbnails