wordpress counter

Добра Вода со златен медал

Една од нашите најдобри води, Добра Вода, се закити со златен медал на престижната дегустација „Беркли Спрингс“. Конкуренцијата беше огромна, со преку 100 различни води произведени во најчистите предели на светот. Инаку, манифестацијата се одржува по јубилеен 20-ти пат, а елитата од производството на вода се натпреваруваше во 4 категории: пакувана газирана и негазирана, градска и прочистена вода.

Дегустацијата се спроведува по принцип на слеп тест, односно идентитетот на производот останува непознат за 12-те судии, бидејќи водата се налева во кодирана чаша. Водите беа оценувани по 5 нивни карактеристики: изглед, мирис, вкус, чувството што го остава во устата и продолжениот вкус кој го нуди.

Еве ги првите 5 места во категоријата пакувана газирана вода:

Златен медал: Добра Вода Спарклинг, Кратово, Македонија
Сребрен медал: Canadian Gold, Marchand, Manitoba, Canada
Бронзен медал: Touch Sparkling Spring Water, Marchand, Manitoba, Canada
4-то место: Antipodes, Whakatane, New Zealand
5-то место: Pian della Mussa, Village Baime, Italy

Related Posts with Thumbnails