wordpress counter

Доделени оскарите за храна

Џејмс Беард Фондацијата и оваа година ги додели наградите од областа на гастрономијата. Станува збор за манифестација која е мошне ценета во светот на храната, а нејзиниот ранг е буквално на ниво на прославените оскари во Холивуд.

Еве го и списокот на наградените:

• Најдобар готвач – Том Количо, Крафт, Њујорк
• Најдобар слаткар – Никол Плу, Ред, Јунтвил
• Најдобар ресторан – Дениел, Њујорк
• Најдобар нов ресторан – Мареа, Њујорк
• Најдобра услуга – Алинеа, Чикаго
• Најдобар млад готвач – Тимоти Холингсворт, The French Laundry, Јунтвил
• Најголем хуманитарец – Вејн Костровски, Taste of the NFL
• Награда за животно дело – Ариен и Мајкл Батербер, Food & Wine и Food Arts
• Најуспешен сопственик – Кеит Мекнели, Balthazar, Lucky Strike, Minetta Tavern, Morandi, Pastis, Pravda

    Целата манифестација одеше во живо на Twitter, а активни беа и локалните блогери кои уживаат во храната. Настанот беше органзиран во Линколн Центар во Њујорк.

    Related Posts with Thumbnails