- Гурман™ - https://gurman.mk -

Доминос Пица со нова промотивна кампања: потрага по Златен купон во една од кутиите во нарачката

Се ближи викенд, времето е врнежливо, есента ја распослала својата  златна патека, а Вие стуткани под ќебе не ви се излегува од дома? Не грижете се! Вистинското решение го има кој друг, ако не Доминос пица [1]!

Со традиција од 1960 година, ексклузивно направени состојки за уникатен вкус, денес Доминос е присутен со 14.400 пицерии во повеќе од 70 држави, а веќе 6 години и кај нас. Најдоброто од сѐ е што секоја порачка се  приспособува според специфичните потреби на секој клиент. Причина повеќе зошто Доминос е препознатлив како светски лидер во прозводството и доставата на пици, искуство преточено во докажан бренд.

Токму затоа, овој викенд е како создаден за квалитетно поминато време со пријателите, за што Доминос пица МК посебно се погрижи. Имено, на 18-ти и 19-ти ноември 2017 10 Golden Coupons (златни купони) по случаен избор ќе бидат доделени на клиенти кои ќе направат нарачка. Вкусете ја Вашата омилена пица и пронајдете го купонот во Вашата нарачка со кој станувате добитник на бесплатна Доминос пица со Вашата следна нарачка.

За да го комплетирате Вашето задоволство, направете фотографија од Вас и Ваш пријател со пронајдениот Golden Coupon, споделете ја фотографијата на некоја од социјалните мрежи [2] користејќи хаштаг #GoldenCouponDominosMKD и дополнително добијте 2 Lava Cake десерти.

Па, што чекате? Порачајте овој викенд и дозволете да ве понесе есенската магија – задоволството е гарантирано.