wordpress counter

Дополни ја низата: слатко, солено…

Повеќето од нас знаат само за четирите основни вкусови: солено, кисело, горчливо и слатко. Меѓутоа, постои уште еден вкус, кој ретко кој го препознава. Станува збор за петтиот вкус кој се нарекува и „умами“. Тој го претставува земјестиот вкус на храната кој го предизвикуваат аминокиселините во месото, некои сирења, риба и зеленчук.

Името доаѓа од јапонскиот збор за вкус „умами“ и за прв пат е идентификуван во Јапонија во 1908 година. Некои од рецепторите за умами вкус на амино кислеините како глутамат реагираат исто како и рецепторите за слатко, кога станува збор за консумирање на шеќер. Што апсолутно му дава за право да биде дел од вкусовите кои ги препознаваме.

Иако досега не се продавал како производ, од неодамна, потрошувачите во некои од западните земји можат да го купат во супермаркетите. Производот се вика Taste No. 5 и ова е прв продукт кој го претставува овој сеприсутен, но запоставен вкус. Лаура Сантини, сопственичка на ресторан во Лондон е главниот „виновник“ што сега можеме да си купиме и посебен вкус.

Related Posts with Thumbnails