wordpress counter

Дукат го претстави трајното млеко во шише

Дукат понуди трајно млеко во шише. Новото повеќеслојно шише, во целост го штити млекото од светлина, а двојното затворање на шишето, заштитната фолија и затворачот го чуваат од надворешните штетни влијанија. На овој начин, новото шише целосно ги штити сите природни состојки на млекото.

Млекото се полни во наполно асептична атмосфера и строго контролирани услови. Овој производствен погон кај нас е со вредност од 20 милиони евра и е единствен во овој дел на Европа, во кој се преработува и полни млеко во суперирони HDPE шишиња (полиетилен со висока густина).

Покрај ова пакување, Дукат, на потрошувачите им нуди и иновативно транспортно пакување (6 х 1 л) на трајно млеко во шише со рачка и механизам за лесно и едноставно отворање на фолијата. Интересно е дека бар кодот е поставен на самото дно на пакувањето, па лесно го поминува бар читачот на касите во супермаркетите.

Related Posts with Thumbnails