wordpress counter

ЏЕЈМИ ОЛИВЕР, ДВАПАТИ

jamieЏејми Оливер си најде нова тезга, на која уште еднаш ќе ги презентира своите ненадминати кулинарски вештини. Тој ќе подготвува вечера за најголемите лидери во светот кои ќе присуствуваат на Г-20 самитот во Лондон следната недела. Според него, јадењата ќе бидат подтовени во најголем дел од британски состојки.

Втората вест вели дека во текот на оваа последна недела од март, Џејми ќе го отвори својот четврти по ред ресторан во Брајтон на бреговите на Атпантскиот Океан. На тој начин, веќе можеме да зборуваме за ланец на ресторани во кои има една посебност: за обична вечера за двајца мора да закажете термин два месеци однапред. Како и да е, чекањето ќе ви се исплати – ќе ги вкусите оригиналните јадења на Џејми.

Related Posts with Thumbnails