wordpress counter

Џиновски тикви во Кичево

Тиквата е широко распространета на нашите простори и е омилена храна на повеќето од нас, независно од возраста, благодарение на нејзиниот состав, вкусот, ароматичноста и диететската вредност. Поволните климатски и почвени услови на нашите простори овозможуваат успешно одгледување на оваа култура.

За тоа сведочи и Насер Канзоски, еден од најголемите производители на тикви во Kичевско. Тој своите тикви ги одгледува во месноста наречена Карамојца, во близина на Кичево, на површина нешто поголема од еден хектар. Во зависност од годината, Насер може да произведе и повеќе од 20 тони тикви.

Со работа на нивата (која е делумно во негова сопственост, а остатокот го има под наем од своите соседи) започнува при крајот на месец април, во зависност од поволноста на климатските услови…

Оваа статијата можете да ја прочитате во целост на ffrm.org.mk

Related Posts with Thumbnails