wordpress counter

Easy eating тренд

EASY EATING ТРЕНДПица, тестенини, сендвич или готвен оброк. Сега сето тоа ни е на дофат на рака и поблиску од било кога. Еве еден мал преглед на светските трендови на брзо и лесно јадење.

ТЕСТЕНИНИ ВО КОНЗЕРВА – Јапонија
Научниците и производителите во Јапонија најдоа начин како да подготват одлични тестенини и да ги спакуваат во конзерва. Сега може да се купат и во автомат.

ЧИЗБУРГЕР ВО КОНЗЕРВА – Швајцарија
Оваа конзерва вклучува сѐ: месо, зелена салата, домати и кашкавал во лепче од сусам. Се продава по цена од 240 денари и има рок на траење од една година.

ПОМФРИТ ВО РАЗНИ БОИ И ВКУСОВИ – САД
Funcky fries се компирчиња во различни бои и вкусови. Нам најмногу ни се допаднаа оние со чоколаден вкус и електрично сина боја.

ГОТВЕН ОБРОК – Сингапур
Комапнијата „Mother“ воведе одличен начин за да ви помогне во готвењето. Вие треба да си најдете рецепт на нашиот портал и доколку сте во Сингапур, компанијата ќе ви ги донесе сите свежи состојки и тоа спакувани, насечкани и подготвени за готвење.

РЕСТОРАН ЗА ДЕЦА – САД
Kidsfresh е продавница посветена исклучиво на децата. Продаваат само здрава, спакувана храна со различни вкусови и форми. На тој начин, родителите ќе ги спасат своите деца од фаст фуд, а тие нема да останат рамнодушни на оваа понуда.

За жал, овие трендови ја одбегнуваат нашата земја и веројатно ќе почекаме уште доста време додека станат дел од нашето секојдневно живеење.

Related Posts with Thumbnails