wordpress counter

„Facebook” коментари на Гурман™

Како што ветивме, сè до нашиот трет роденден на 31-ви март, еднаш неделно ќе воведуваме некоја нова опција со која полесно ќе можете да го следите вашиот омилен портал за храна и рецепти. Од минатата недела, Гурман™ го има и на Tumblr. На тој интерактивен блог заеднички ќе споделуваме фотографии, видеа, совети и други интересни содржини на нашата омилена тема – храната.

Втората новост е што од денес ќе можете да коментирате на статиите на Гурман™ со помош на вашиот Фејсбук акаунт. Поточно, ако сте конектирани на Фејсбук (а претпоставуваме дека секогаш сте), ќе можете веднаш да оставите коментар на некоја тема или статија која го привлекла вашето внимание.

Се надеваме дека овие измени ќе ви се допаднат и ќе го направат порталот уште попривлечен за вас. ●

Related Posts with Thumbnails