wordpress counter

Фестивал на лимоните

Фестивалот на лимоните се одржува секоја година кон крајот на февруари во Франција. Малото, питорескно местенце Ментон, кое се наоѓа на самата француско-италијанска граница, е домаќин на овој необичен фестивал. Сместено помеѓу Азурниот брег и Алпите, Ментон има извонредна микро клима за одгледување на лимони, мандарини и портокали.

Фестивалот трае речиси три недели и освен прекрасните скулптури од јужно овошје, програмата е исполнета со паради, огномети, изложби и светлечки градини, кои оставаат без здив во тивките ноќни часови. Ремек делата се во жолта и портокалова боја, а креативноста е безгранична – од животни, преку ликови од бајки и приказни, па сѐ до цели куќи.

Влезницата за определен тип програма е окулу 500 денари и верувајте дека вреди секој денар потрошен за тоа. Освен тоа, може да купите безброј производи од локално производство, подготвени од овие три овошја.

Related Posts with Thumbnails