wordpress counter

Foodie.com – социјална мрежа за гурмани

Досега постоеjа списанија, книги, тв емисии, па дури и цели тв канали посветени на храната. „Glam Media“ понуди нешто ново. Станува збор за прва социјална мрежа за сите вљубеници во храната.

Корисниците на Foodie.com може да креираат сопствен профил со помош на нивните Фејсбук и Твитер акаунти. Откако ќе се зачлените, ќе можете да ги следите бројните познати и непознати готвачи, писатели на книги за готвење, да споделувате ваши работи и секако да истражувате низ огромната колекција на рецепти.

За овој сервис и неговите содржини се задолжени преку 100 блогери и писатели за храна, потоа кулинарски експерти, критичари како Патриша Велс и победникот на „Iron Chef“, Џофри Закаријан.

Според „Glam Media“, вљубениците ќе ја стават оваа мрежа меѓу нивните три омилени социјални мрежи, додека другите ќе доаѓаат да најдат инпирација во некој рецепт или да прочитаат критика за некој ресторан. 

Related Posts with Thumbnails