wordpress counter

Foodspotting – цела храна на дланка

Foodspotting е апликација која ќе ви помогне да одберете што ќе јадете со помош на фотографии на специјалитети од ресторани кои се наоѓаат во ваша близина. Освен фотографија, на некој оброк ќе добиете и информација и мапа за тоа колку сте оддалечени од местото кое сте го одбрале.

Апликацијата е наменета за iPhonе, iPod Touch и iPad, а наскоро и за Android. Она што е интересно е дека во морето на слични апликации (оние кои се занимаваат со рецензии и критики на ресторани), Foodspotting акцентот го става на она што е најбитно за нас – храната.

Ние веќе проверивме и утврдивме дека само две наши места се наоѓаат на Foodspotting мапата – кафетеријата Caramelo™ и ресторанот Хермес. Затоа, веднаш преземете ја апликацијата и да ги споделиме нашите искуства и фотографии и од другите наши угостителски објекти.

Related Posts with Thumbnails