wordpress counter

Франција го забрани кечапот во училиштата

Според пишувањето на британски „Дејли Телеграф“, во француските основи училишта забрането е консумирање кечап, со цел да спречи одвикнување на децата од француската кујна. Консумацијата на овој производ ќе биде дозволена само еднаш неделно и тоа само во комбинација со помфрит.

Според Кристоф Ебер, претставникот задолжен за спроеведување на оваа одлука, децата треба да останат блиски со француската гастрономија и рецепти, за да може да ги пренесат на идните генерации.

По оваа одлука, веќе започнаа да доаѓаат негодувања од сите страни. Противниците на оваа одлука сметаат дека дури ниту еден Џејми Оливер, кој е одговорен за исхраната во британските училишта, нема ништо против овој додаток на јадењето. Од друга страна, одлуката е само резултат на француската стратегија на одбрана на сѐ што е француско, од јазикот до храната.

Related Posts with Thumbnails