wordpress counter

Французите признаа во која храна се вљубени

Познато ни е дека пицата е целосно италијански производ и дека Неапол е местото каде е подготвена првата Маргарита. Но, интересно е дека италијанците не се оние кои најмногу ја консумираат. Европски шампиони во оваа дисциплина се французите, кои јадат просечно по една пица неделно.

Секој французин во текот на една година ќе изеде 10 килограми пица, што е два пати повеќе отколку просечниот италијанец. На светско ниво, американците немаат никаква конкуренција.

Дел од популарноста може да лежи и во фактот што француската гастрономска сцена ја поддржува консумацијата на пиците на секој чекор. Имено, во Франција, пица може да купите во пицерија, киоск, бакалници, супермаркети, автомати.

А, еве и малку интересна статистика:

• во Франција постојат преку 13.000 пицерии;
• 80% од доставата на храна на домашна адреса отпаѓа на пиците;
• на 1 хамбургер, во просек, се продаваат 16 пици;
• секој трет французин ја доживува пицата како синоним за задоволство и дружење.

    Related Posts with Thumbnails