wordpress counter

FUTURE FOOD – емисија со нов поглед на храната

Хомаро Канто и Бен Роше, својот поглед на храната ќе го презентираат во рамки на емисијата Future Food на каналот Planet Green. Во оваа сосема нова емисија, двајцата готвачи опседнати со технологија, меѓу останатото ќе побараат и решение за еколошките проблеми и тоа директно од кујната.

Веруваме дека за гледачите ќе биде особено интересно што дел од содржините во емисијата ќе бидат снимени зад завесите т.е ќе можеме да ѕирнеме во кујните на светските ресторани и како таму се подготвува храната. Сцените ќе изобилуваат со употреба на ласери, хемиски експерименти и течен азот.

Интересно е дека освен што се готвачи, едниот е сопственик на ресторан, додека другиот е откачен научник. Целта им е во секоја нова емисија од серијалот да измислат нов предизвик и да го решат во кујната. Почетокот е најавен за април 2010 година.

Related Posts with Thumbnails