wordpress counter

Футурологија: И амабалажата ќе се јаде

Онака како што се развива технологијата, не е далеку денот кога ќе се ослободиме од пластичната амбалажа. А, тоа би значело дека новата амбалажа би можела да се јаде.

Имено, WikiCells“ е нова технологија за производство на прехранбена амбалажа која може да се транспортира и потоа да се консумира. Амбалажата ја направи тимот на Харвард, под раководство на биомедицинксиот инженер Дејвид Едвардс. Самата амбалажа се состои од мембарани кои се полни со честички кои се поврзани со електростатски сили. На тој начин се штити и течната и тврдата и храната во пенеста форма. Така заштитена, храната се пакува во дополнителна биоразградлива обвивка, која пред јадење треба добро да се измие.

Иноваторите ја споредувааат мембраната на оваа амбалажа со кора од јаболкo, која штити од надворешни влијанија. Според професорот Едвардс, оваа амбалажа би можела да се најде на пазарите за многу крактко време. „WikiCells“  беше претставена во париското студио „Foodlab“, а моменталниот фокус е ставен на нејзина употреба во кулинарството. Така, може да видиме супа од тиква во мембрана од спанаќ или стопено чоколадо во мембрана од вишни.

Related Posts with Thumbnails