wordpress counter

Google пребарува и рецепти

Google почна да ѕирка и во нашите кујни. Имено, пребарувачот во своите опции ја вклучи и опцијата на пребарување на рецепти. Пребарувањето може да се изведе според име на рецепт, состојки, бројот на калории што сакате да го консумирате или времето кое ви е на располагање за готвење.

Опцијата на пребарување рецепти може да ја најдете на левиот дел од страницата, под другите категории на пребарување како што се слики, видеа или шопинг. Инаку, Google нема да ви покаже конкретен рецепт, туку ви дава предлози на веб-сајтови и портали каде ќе можете да ги прочитате рецептите.

Ако сакате веднаш да почнете со пребарување, тогаш следете го следниот линк: google.mk/landing/recipes. Ако, пак, ви е полесно да читате рецепти на македонски јазик, тогаш посетете ги нашите категории: РЕЦЕПТИ и ВАШИ РЕЦЕПТИ.

Related Posts with Thumbnails