wordpress counter

„Google“ влегува во светот на пивото

Откако спореведе анкета помеѓу своите вработени за тоа какво пиво би требало да произведат, „Google“ собра еден тим на луѓе кои соработувале со малата пиварница „Dogfish Head“, за да ги обединат вкусовите и аромите во еден несекојдневен производ. Од оваа интересна соработка произлезе темно пиво кое потсетува на белгиското „Dubbel“, со арома на вишна, која незабележливо се трансформира во арома на чоколадо и кафе.

Во составот на пивото имаше место и за семки од австралиски багрем, пржен амарант од Јужна Америка, зелен роибос од Јужна Африка, калифорниски мед и ред други егзотични состојки.

Покрај составот, интересна е и приказната за името на ова пиво. Пивото се нарекува „URKontinent“ што означува еден супер континент кој некогаш ги обединувал сите други континенти.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=RiFewPyLlQA[/youtube]

Вљубениците во пивото можеа да уживаат во овој производ на „Google“ на големиот американски фестивал на пивото кој се одржува во Денвер. Наскоро се планира производство на ограничен број шишиња, а дотогаш пивото може да се набави само во „Dogfish Head“ во Делавер.

Related Posts with Thumbnails