wordpress counter

Гурман™ на Tumblr

Веќе знаете дека Гурман™ постојано ги употребува социјалните мрежи и веб сервиси за да ги доближи содржините до вас. Следејќи ги новите трендови, настојуваме што повеќе да се поврземе со вас и Гурман™ да стане портал кој зеднички ќе го правиме.

Со оглед дека овој месец славиме трет роденден, решивме секоја недела да ве изненадуваме со по една новост, која ќе го направи Гурман™ да биде портал по ваша мерка. Започнуваме со Tumblr, каде ќе ви ја прикажеме забавната страна на светот на храната.

Преку Tumblr, ќе споделуваме прекрасни фотографии и видеа на тема храна, совети и ред други забавни содржини во кои заеднички ќе уживаме. Велиме заеднички, затоа што нашиот Tumblr сакаме да го направиме интерактивен. Тоа значи, дека ќе објавуваме и ваши фотографии, видеа, анимации и сѐ она што сметате дека е интересно, забавно или вкусно за споделување и ќе ни го испратите.

Затоа, ве повикуваме да нѐ следите на tumblr.gurman.mk и заеднички да уживаме во светот на храната. 

Related Posts with Thumbnails