wordpress counter

Хајди Клум стана портпарол

Хајди Клум е навистина многу зафатена овие денови. Ја започнува седмата сезона на проектот „Писта“, работи како модел за Викторија Сикрет, промовира неколку парфеми и очила за сонце. Веруваме дека Хајди мислела дека има вишок слободно време кога ја прифатила понудата да биде портпарол за Light & Fit јогуртот на Данон.

Освен тоа, сними и реклама за јогуртот во која алчно јаде со лажица од пакувањето, а потоа и со помош на прстите го собира остатокот. Во исто време една друга жена ја гледа со нескриено воодушевување. Впрочем, погледнете ја рекламата подолу.

Во рекламата Данон се обидува со ниски удари да го победи нивниот најголем конкурент кој произведува сличен производ со калории. Производот на Данон има „само“ 80 калории.


Related Posts with Thumbnails