wordpress counter

Храна која вреди колку злато

Со оглед дека финансиските кризи брзо ја намалуваат вредноста на парите, компаниите пронаоѓаат нови покреативни начини на штедење. На пример, еден од најголемите производители на виски во светот, Диагео, Диагео одлучи во пензискиот фонд сумата да ја „уплаќа“ во виски.

За да ја задржи вредноста на уплатата, компанијата, секои три години, ќе го заменува производот со некој што е актуелен во тој момент. Договорот ќе трае 15 години.

Претходно пишувавме дека некои италијански банки прифатија пармезан како гаранција за одобрените кредити. Освен пармезан и виски, како гаранција се примаат и скапи вина, пршута, па дури и кафе и шеќер.

Светските економисти потврдуваат дека во услови на криза банките и клиентите имаат навистина голема креативност при изнаоѓање на начини за финансирање на бизнисот, сепак потенцирајќи дека оваа појава нема да поприми поголеми размери.

Related Posts with Thumbnails