wordpress counter

Хуго Чавез и храната

Контроверзниот и семоќен венецуелски претседател Хуго Чавез, реши да ја збогати својата колекција на дискутабилни одлуки. Овој пат, на ред е една мексиканска компанија за производство на храна, која се наоѓа во Венецуела.

Имено, Чавез се решил да ја национализира оваа комапнија и да започне државен земјоделски проект. Компанијата е дел од мексиканската Грума Груп, која произведува брашно, тестенини, ориз, масло и овесни снегулки. Инаку, цените на овие производи беа под директна државна контрола од 2003 година, а сега и комапнијата е во сопственост на државата.

Грума Груп е еден од најголемите светски производители на тортиљи и има преку 2 милијарди долари годишен приход. Но, и тоа не им беше доволно да го поткупат овој „народен“ претседател. Национализиацијата на претпријатијата во Венецуела се одвива и во енергетиката, градежништвото и електричната енергија.

Related Posts with Thumbnails