wordpress counter

И готвачите убиваат, зарем не?

Хуан Карлос Круз во минатото беше анонимен готвач со штотуку започната кариера во оваа професија. Но, за помалку од една деценија го изоде напорниот пат од готвач во мал хотел, до телевизиска ѕвезда и познат автор на кулинарски бестселери. Покрај тоа, подучуваше и во подготовка на оброци со мал број на калории.

Но, сомнежите кон него кои ги упати полицијата од Лос Анџелес, се закануваат да ја потемнат неговата слава. Имено, службениците од оделот за убиство го обвинуваат Круз дека потплатил бездомник кој би требало да изврши убиство за него. Меѓутоа, бездомникот го пријавил обидот во полициската станица во Санта Моника, по што е организирана потера и тој е уапсен во еден од тамошните паркови.

Останува, според зборовите на колегите и пријателите, овој посветен татко и сопруг, писател и вљубеник во храната, водител на Food Network и пријатен сосед да ја докаже својата невиност. Во тоа голема помош ќе има и од својата сопруга, која е познат адвокат.

Related Posts with Thumbnails