wordpress counter

И Стинг стана лозар

Британската рок ѕвезда започна со производство на вино на неговиот имот во Тоскана, кој го купи во 1997 година. Познатата вила Палаџо од 16-от век која се наоѓа на 30 километри од Фиренца, во малото местенце Филиње Валдарно е во негова сопственост и имотот околу неа, со големина од 350 хектари, Стинг го користи за производство на органска храна (мед, маслиново масло, овошје и зеленчук), а од неодамна и за производство на вино. Првите 30.000 шишиња црвено вино ќе го пронајдат патот до маркетите во текот на септември оваа година.

Информациите сè уште не се достапни за јавноста, а единствено што се знае е дека виното е од Санџовезе грозје, со берба од 2007 година. Менаџерот на имотот, Паоло Роси објави дека познатиот пејач се подготвува во текот на јуни да ја отвори и својата прва продавница, во која ќе се продаваат прозиводите од неговата органска фарма. Овој човек си го испонил својот животен сон, а верувам и сонот на многу други.

Related Posts with Thumbnails