wordpress counter

Индикатор на свежина

Знаеме дека супермаркетите се преполни со овошје и зеленчук, чија свежина никој не ја знае. Најчесто, кога ќе се решиме да купиме, не можеме да утврдиме колку е старо определно парче зеленчук или овошје. Изборот го правиме според нашето искуство и изгледот на артиклот.

Но, и тогаш се случува да згрешиме, бидејќи овие производи се спакувани во проѕирна фолија која привидно им дава изглед на свежина.

Поради тоа, група дизајнери осмислија начин како да се следи свежината. Нивниот изум се состои од интелигентен баркод кој ја мери свежината на производот. Со тек на време, колку повеќе производите стојат на полиците, толку нивото на кодот се смалува. Кога продуктот веќе нема да биде за употреба, кодот ќе биде на нула.

Интересна идеја за која искрено веруваме дека бргу ќе најде комерцијална примена.

Related Posts with Thumbnails