wordpress counter

iPad – вашиот помошник во кујната

Кујната, каквa што некогаш ја имавме, неповратно заминува во историјата. Слободно заборавете на сите оние стари тетратки полни со преправени рецепти и лош ракопис и на сите оние застарени печатени готвачи. Последниве неколку години не заплисна бран од нови уреди и апликации кои го менуваат нашиот престој во кујната. И не само тоа – ја олеснуваат целокупната наша работа и обврски.

Еден од тие уреди е новото технолошко чудо на Apple – iPad. Настрана што ни донесе еден сосема нов поглед на вебот и фотографиите, iPad има и низа други бенефити. Она што нас нѐ интересира е неговата примена во кујната.

Веќе постојат неколку апликации со кои ќе нурнете во светот на храната и рецептите. Читањето е лесно, бидејќи за разлика од другите уреди, iPad стои исправено и имате голема прегледност при следењето на содржините. Една од апликациите е Epicurious, која е бесплатна. На дланка имате огромен број на рецепти и опција за шопинг список со кој ќе заминете во локалните продавници. Единствен недостаток на апликацијата е што нема можност да ги споделите вашите омилени рецепти.

Други апликации кои можете да ги користите се GoodReader for iPad (не е бесплатна), BigOven Lite со преку 170.000 рецепти, Serving Sizer Pro for iPad (ако треба да подготвувате јадења за голем број гости)… И така во недоглед.

За крај, еве и еден практичен пример како „новата кујна“ функционира:

Related Posts with Thumbnails