wordpress counter

Италијанско вино „Пред дождот“ во чест на Манчевски

Салво Фоти е врвен италијански енолог и винар од регионот Етна на Сицилија. Токму едно од неговите вина го доби името „Пред дождот“ (Prima della Pioggia) и ќе биде промовирано на 5 ноември во Парма. Името е дадено во чест на филмот на Милчо Манчевски, кој и по 16 години ужива голема популарност во Италија.

Ова вино е направено од сортите кариканте, греканико, минела и ризлинг. Бербата на грозје е направена во септември 2009 година, a виното е зреено до мај годинава. Од оваа берба се произведени само 400 шишиња.

„Супер што е во прашање италијанско вино, оти покрај калифорнискиот зинфандел, омилени ми се вината од Јужна Италија“, изјави Манчевски, пријатно изненаден од информацијата за виното кое се вика „Пред дождот“.

Инаку, кум на виното е италијанскиот новинар Марко Поцали, додека на самата етикета стои посвета – „Името на виното е според филмот Пред дождот од 1994 година“.

Related Posts with Thumbnails