wordpress counter

Измет од панда за одгледување на најскапиот чај на светот

Индустријата на топли напитоци со кофеин не престанува со изненадувањата. По најскапото кафе на светот, кое во една фаза од производството проаѓа низ дигестивниот систем на дива мачка, „World News Australia“ пренесува уште една интересна информација, која се однесува на одгледувањето на чај.

За одгледувањето на овој најскап зелен чај на светот се користи ѓубриво од измет од панда. Професорот на универзитетот Синчуан, Ан Јачи, се занимава со развивање на нови врсти на мешавини од чај, кои достигнуваат цена и до 50.000 фунти за килограм. Системот за варење на пандата се карактеризира со многу слаба апсорпција. Само 30 проценти од хранливите состојки се апсорбираат во нејзиниот организам, а сѐ останато го исфрла во изметот. Токму тоа е причината да се искористи изметот на пандата.

Овој чај, кој се одгледува со ваквото ѓубриво, има многу здравствени бенифиции за нашиот организам. Главна храна на пандата е бамбусот, кој има многу антиканцерогени својства. Токму затоа, професорот Јаши смета дека вака одгледуваниот зелен чај има силни антиканцерогени својства.

Related Posts with Thumbnails