wordpress counter

ЈАЈЦА ВО ТЕТРАПАК ЗА МЛАДИ ДОМАЌИНКИ

eggЕве едно спасоносно решение кое ни пристигнува од Британскиот остров и кое е наменето за сите оние кои, дали поради мрзеливост или поради немање вештина да се снајдат во кујната, го заобиколуваат овој дел од домот. Имено, една британска фирма понуди „течни јајца“ во тетрапак. Секое пакување на „Инстант јајца“, со зафатнина од половина литар, содржи десет јајца а купувачите ќе можат да бираат помеѓу две варијанти на производот: кокошкини јајца кои се одгледувани во затворени простории на големите индустриски фарми, или пак оние што се одгледувани на отворено. Изумителот на овој производ Елвин Грифит, од компанијата „Окландс фарм егс“, смета дека јајцата ќе поминат особено добро помеѓу мрзливцте и оние кои бараат едноставност и леснотија, а кои според него ги има сè повеќе поради современиот начин на живот.

Инаку, рокот на траење е 21 ден, а доколку се отворат мора да се употребат во текот на наредните три дена. Матените јајца во тетрапак ќе ја имаат својата прва промоција на Меѓународниот саем на храната и пијалоците што ќе се одржи во Лондон во текот на март.

Related Posts with Thumbnails