wordpress counter

Кафе афродизијак

Amore del Caffé е првото кафе во светот кое има афродизијачко дејство. Станува збор за ретка мешавина на индиско кафе од сортата Monsooned Malabar и екстракт од острига, школката на која ѝ се припишува афродизијачко делување.

Производителот, De’Longhi го претстави својот најнов продукт во луксузната продавница за долна облека Rigby & Peller, каде и ќе се продава ова кафе. При презентацијата, посетителите можеа да го дегустираат кафето и тоа најмногу една шолја, најверојатно поради силното дејство.

Цената е прилично висока (околу 3.000 денари за 100 грама), но ако е потребно навистина силно афродизијачко делување, тогаш ќе мора да го одврзете паричникот.

Инаку, посебноста на ова кафе произлегува и од начинот на негово производство. Имено, оваа сорта, во периодот на монсуните, се остава на отворено со цел зрната да впијат влажност која носи уникатна арома и карамел вкус.

Related Posts with Thumbnails