wordpress counter

Кафе кое се вдишува

Le Whif Coffee е новото кафе кое ќе се консумира на сосема поинаков и попрактичен начин од традиционалниот. Имено, овој производ ќе може да се вдишува. Негов изумител е професорот по биомедицински инженеринг на Харвард, Дејвид Едвардс. Освен тоа, ќе биде спакувано и во био-разградлива амбалажа и ќе биде со големина на кармин.

Ова кафе е произведено со процесот познат како „инженеринг на честички“, при кој кафето се дели на толку ситни честички, што може да се вдишуваат. Потоа, овие честички се пакуваат во специјлна амбалажа која се разградува и која може да ја носите секаде со себе.

Сепак, основно прашање е дали овој „сниф“ производ ќе биде прифатен од консументите. Подготовката и пиењето кафе денес е веќе уметност. Луѓето уживаат во неговиот вкус и затоа пиењето кафе е вистински ритуал. Со овој производ, тој ритуал ќе се сведе на едно шмркање честички кафе.

Related Posts with Thumbnails