wordpress counter

Kако краставиците ја скараа половина Европа

Инфекцијата со бактеријата на ентерохеморагиска Ешерихија коли започна да се шири низ Европа пред 15-тина дена, предизвикувајќи голема паника помеѓу населението. Особено што бројките велат дека досега има преку 1.700 заболени, од кои 18 со фатални последици.

Случаи на ова заболување се утврдени во 12 земји (кај нас сѐ уште не) и сите се поврзани со северот на Германија. Поточно, научниците од Институтот „Роберт Кох“ открија дека дури 17 лица се заразени по оброк во ресторанот „Lubecker Nachrichten“ во Хамбург.

Со тоа, излезе оправдан гневот на шпанските функционери, откако Германија ги посочи шпанските краставици како главен виновник за ширење на бактеријата. Но, барем германиците се доследни на себе и знаат да признаат кога ќе погрешат. Затоа, германската влада веднаш им понуди помош на шпанските земјоделци на кои нагло им падна извозот на краставици.

Ова обвинување беше причина Русија привремено да го забрани увозот на свеж зеленчук од Европа, што наиде на остра реакција од ЕУ и обвинување дека Русија не се однесува во склад со одредбите на Светската трговска организација. Сепак, премиерот Путин изјави дека нема да дозволи да се трујат Русите само поради тоа што треба да почитува некакви одредби на СТО.

Related Posts with Thumbnails