wordpress counter

Како работат модерните криминалци

Во САД се случи еден навистина интересен настан. Непознато машко лице провалило во еден суши ресторан, си подготвилo јадење и заминалo, оставајќи зад себе голем неред во кујната. Полицијата дури вели дека тој не ги ни допрел парите (околу 200 долари) кои се наоѓале во касата.

Човекот за кој се знае дека е од машки пол (веројатно поради нередот кој го оставил во кујната), „позајмил“ едно пиле од замрзнувачот и си подготвил оброк со пилешко месо и ориз.

Според претставниците на полицијата, очигледно е дека провалникот барал само храна. Сличен настан се случил и минатата година во еден фаст фуд ресторан во близина на истото место. И во тој случај на менито имало пилешко месо. Останува на полицијата да утврди дали станува збор за сериски гладен провалник.

Related Posts with Thumbnails