wordpress counter

Каков вкус има пивото од 250 евра?

Еден од најголемите светски производители на пиво, германскиот Карлсберг, во Копенхаген го лансираше и последното пиво од ексклузивната трилогија „Винтиџ“ која стартуваше во 2008 година. Ова пиво се произведе во само 1000 шишиња и се продава по цена од 250 евра.

Секое шише се полни рачно и тоа по зреењето кое се одвива во дабови буриња во подрум кој е во функција од 1847 година. Инаку, Јакобсен Винтиџ е вино од светол јачмен. Ќе се запрашате зошто вино? Според англиските називи „вино од јачмен“ се нарекува секое пиво кое има висок процент ана алкохол (помеѓу 8-12%).

Има златна боја, изоблиство од меурчиња и полн венец, што го прави слично со десертните вина. Ова пиво, кое има вкус на јаткасти плодови, најдобро се согласува со сирења и десерти.

Според производителот, главна цел на оваа трилогија е да им понуди на вистинските вљубеници во пивото несекојдневно искуство, задоволство и уживање, како за непцата така и за очите.

Related Posts with Thumbnails