wordpress counter

Камелбургер

Еден ресторан во Дубаи, во своето мени воведе нов производ, кој веројатно го нема во ниту еден друг ресторан во светот. Станува збор за бургер кој се прави од месо од камила и кој не содржи никакви масти. Значи, одличен избор за сите оние кои го ставаат здравјето пред гурманлакот.

Порцијата, која чини 250 денари, содржи околу 120 гр месо од камила, полнето со кашкавал и прелиено со сос. Се служи со помфрит и милкшејк од камила (да, да и тоа го има во Емиратите). Според менаџерот на ресторанот, ова месо е целосно ослободено од масти и холестерол.

Ианку, ова месо вообичаено се јаде во арапскиот свет, но за прв пат се нуди во синџирите на брза храна. Набргу, овој ресторан ќе отвори свое место и во највисоката кула на светот – Бурџ Дубаи.

Related Posts with Thumbnails