wordpress counter

Кана кола – газиран пијалак со марихуана

Канабисот се користи како лек во разни земји во светот. Кана колата е пијалак кој во себе содржи токму тоа – канабис или марихуана. Од таму и името Кана Кола. Станува збор за газиран напиток кој има THC и ќе може да се користи како лек.

Интересно е дека целата линија на пијалаци ја разработил претприемачот Клеј Батлер, кој никогаш во животот не пробал ниту цигари, ниту некој наркотик.

Како и да е, тоа не го спречило да го создаде овој иновативен производ.

Продажбата започнува овој месец во Колорадо, САД, а цената на Кана Кола ќе биде 10-15 долари за едно шише од 355 мл. Во зависност од вкусот, секој пијалак ќе содржи помеѓу 35-65 милилитри THC.

Сепак, овој производ не ќе може да го купува секој. Купувањето ќе биде исклучиво на рецепт од доктор и во оние држави каде е донесен закон за употреба на марихуаната како лек.

Related Posts with Thumbnails