wordpress counter

Кавга помеѓу Австрија и Словенија поради колбаси

Иако овие две земји најчесто се во судир поради словенечкото малцинство во Австрија, овојпат причината за кавга е храна. Или поточно, станува збор за колбаси.

Имено, Словенците сакаат да го заштитат името на колбасот „Krainer“ (крањски колбас), но тоа име се користи и во Австрија за определни видови колбаси. Европскиот завод за патенти веќе го добил барањето, а прифаќањето би значело дека во Австрија би морало да го променат името на тие видови колбаси.

Австрија веќе најави жалба по повод ова барање. Според нив, забраната за користење на ова име би им донела голема загуба на австриските производители и би донело дополнителни финансиски трошоци.

Словенија веќе имаше слични расправи со Македонија за ајварот и со Хрватска во врска со посавската погача.

Related Posts with Thumbnails