wordpress counter

Кечап каков никогаш не сте пробале

Првпат, по 40 години, Хајнц го менува славниот рецепт по кој го подготвува кечапот. Станува збор за намалување на количината на сол која се додава во производот, со цел да се влијае на свесноста на потрошувачите во врска со нивното здравје.

Но, фановите на Хајнц кечапот воопшто не се задоволни од оваа одлука на менаџментот на компанијата. Сметаат дека со новиот рецепт резултатот ќе биде еднакво трагичен со оној за новата Кока Кола. Од компанијата убедуваат во спротивното. Џесика Џексон, портпаролката на Хајнц, вели дека оваа одлука е резултат на променетите потреби на купувачите и зголемениот интерес за здравјето.

Новиот кечап на Хајнц ќе има за 15% помалку сол и нова комбинација на зачини која ќе оди со намалената количина на сол. Новото пакување ќе се најде на рафтовите во текот на летото. Останува да видиме каков ќе биде сега помфритот во комбинација со новиот кечап.

Related Posts with Thumbnails