wordpress counter

„KFC“ го освојува Балканот

По неколку месеци шпекулирања, пред неколку дена и службено е објавено дека американскиот синџир „KFC“ конечно ќе пристигне во Загреб, во „Арена Центар“.

„Арена Центар“ веќе стана место каде доаѓаат новите странски брендови во Загреб. Компанијата „Амрест“, која ја има франшизата за „КFC“, „Бургер Кинг“, „Старбакс“ и „Пица Хат“, веќе работи на отвoрањето на првиот „КFC“ во Загреб.

Она што е интересно е дека „KFC“ е еден од светските популарни ланци на брза храна, специјализиран за јадења со пилешко месо, па ќе се користи исклучиво свежо пилешко месо произведено во Хрватска. Во „KFC“, секое јадење се приготвува рачно, во моментот на нарачка, согласно заштитените рецепти на „KFC“ рестораните.

„КFC“ во Белград постои веќе 4 години, додека во Љубљана и покрај најавите, сѐ уште не е отворен. Скопје сѐ уште го нема на мапата на овој синџир на ресторани за брза храна.

Related Posts with Thumbnails