wordpress counter

KFC ПОПРАВА УЛИЧНИ ДУПКИ

KFCНе е случај само во Македонија градовите и општините да се без пари. И САД имаат проблем со функционирањето на локалната власт и како резултат на тоа улиците се преполни со дупки. Меѓутоа, за разлика од македонските компании, американските во секоја прилика согледуваат можност за своја промоција. На помош на градските власти во пет градови им дојде Kentucky Fried Chicken. Компанијата го финансира санирањето на дупките во градовите, а за возврат на тие места стои натпис „обновено со помош на KFC“. На тој начин, фастфуд ланецот покрај свое промовирање извршува и корисна општествена работа и со тоа го јакне својот имиџ помеѓу потрошувачите.

Related Posts with Thumbnails